ИСПОРАКА ШИРУМ ЦЕЛА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
  • ПИРЕЈА: тел: 210 4225134 
  • СОЛУН: тел: 2310 705400 
  • СКОПЈЕ: тел: +389 2 3256553 
  • info@boznos.mk
North Macedonian (NMK)
CART
 x 

Новото одделение за поправки и одржување во друштвото SEW-EURODRIVE за електрични редуктори
Моментална поправка


Поправка со фабрички квалитет


Ова е програма за поправка, одржување и реконструкција на електричните редуктори на SEW-EURODRIVE, што ви помага да заштедите пари додека истовремено ги добивате придобивките на загарантирана фабричка поправка.

Голема заштеда

Кога ви треба поправка, само контактирајте нѐ. Кажете ни го типот и бројот на електричниот редуктор и апликацијата во која е инсталиран. Ќе ви понудиме фиксна и конкурентна цена за поправка, од која ќе добиете значителна заштеда во споредба со поправки извршени од трета страна. Згора на тоа, ќе ви помогнеме да утврдите дали е покорисна поправката или купувањето на нов електричен редуктор.

Не правете компромиси

Вашиот електричен редуктор ќе биде поправен од квалификувани лица што знаат како е произведен производот од самиот почеток и ќе употребат само оригинални резервни делови на производителот SEW-EURODRIVE.

Ви нудиме:


  1. Поправка и одржување во нашата работилница.
    Нашата работилница е опремена со сите посебни алатки што се потребни за поправка на вашиот електричен редуктор.
    Го чистиме и вршиме увид во редукторот за да провериме дали има некакво оштетување, а потоа ви ја доставуваме фактурата за поправка за одобрување.
    Вршиме проверка на сите механички делови (запчаници, лежишта,  заптивки итн.) и ги заменуваме дотрошените.

Го заменуваме роторот и статорот на моторот доколку се оштетени или дотрошени. Не ги поправаме намотките на моторот за да се избегне намалување на перформансите.

Ја проверуваме и прилагодуваме сопирачката, и по потреба, ги заменуваме дотрошените делови (клинесто вратило, диск на сопирачка, фрикциона плочка на сопирачка, пружини, исправувач, итн.)

Го проверуваме енкодерот-декодерот и ги заменуваме доколку се оштетени и потоа ги усогласуваме.

Доколку во текот на поправката најдеме нешто што би можело да предизвика дефект во погонот (пр. погрешен лубрикант), ќе ве известиме за да преземете мерки во иднина.

Откако ќе се заврши поправката и одржувањето, се тестира редукторот според стандардите на SEW-EURODRIVE. Конкретно, го проверуваме следното:

  1. Нивото на масло  Протекувања на масло   Редукциона врска   Фазен баланс   Сите електрични делови    Соодветно функционирање на сопирачка

Најпосле, по потреба, го пребојуваме редукторот и ги евидентираме сите промени што сме ги извршиле за да се знае во секое време какви поправки или активности на одржување биле преземени.

Б. Поправки и одржување на лице место.

Колку што е можно отстрануваме прашина, нечистотии и страни материи од редукторот.

Вршиме визуелна и акустична проверка на сите делови од редукторот, моторот и системот за сопирање.

Ја отвораме и чистиме сопирачката, проверуваме за знаци на дотрошеност и ја прилагодуваме сопирачката за непречено функционирање без проблеми.

По потреба ги заменуваме дотрошените спојници.

 Ги заменуваме маслата на редукторот. Маслата можат да се купат од ваша страна или да ги донесат нашите сервисери. Доколку забележиме протекување на масло од некој дел од редукторот, веднаш ќе ве известиме и ќе го наполниме маслото додека не се отстрани редукторот за поправка. Детално се евидентираат податоците за сите ваши редуктори и работата што е завршено, за да можат тие податоци да се користат во иднина и од ваша и од наша страна.

Без изненадувања

Кога ќе се заврши поправката и одржувањето на вашите редуктори, повторно ќе работат како нови, затоа што целиот процес го врши квалификуван персонал со употреба на специјализирани алатки и оригинални резервни делови. Згора на тоа, сите заменети делови подлежат на гаранција од една година.

Контактирајте нѐ
Ве молиме контактирајте нѐ за какви било дополнителни информации што би сакале да ги добиете за нашиот нов оддел за поправки и одржување во врска со електричните редуктори на SEW-EURODRIVE, преку електронска пошта на service@boznos.gr или преку телефон 210 4225134 за Пиреја и 2310 705400 за Солун.

Би сакале и да ве потсетиме дека од 2007 година, во рамки на нашето друштво постои и оддел за поправки и програмирање на електронските делови на SEW-EURODRIVE (инвертори и помошни делови) со соодветни фабрички спецификации.