Нов оддел за поправка и одржување на нашата компанија од SEW-EURODRIVE

Моментална поправка

Поправка со фабрички квалитет

Ова е програма за поправка, одржување и реконструкција на мотор-редуктори на SEW-EURODRIVE, што Ви помага да заштедите пари додека истовремено ги добивате придобивките на загарантирана фабричка поправка.

Голема заштеда

Кога ви треба поправка, само контактирајте нѐ. Кажете ни го типот и бројот на мотор-редукторот и апликацијата во која е инсталиран. Ќе ви понудиме фиксна и конкурентна цена за поправка, од која ќе добиете значителна заштеда во споредба со поправки извршени од трета страна. Дополнително, ќе Ви помогнеме да утврдите дали е исплатлива поправка на постоечкиот мотор-редуктор.

Не правете компромиси

Вашиот мотор-редуктор ќе биде поправен од квалификувани лица што се обучени и стручни за истото, присуствувале во фабриката во SEW-EURODRIVE во Германија, каде што е произведен производот од самиот почеток и за кој се користат исклучиво оригинални резервни делови на производителот SEW-EURODRIVE.

Ви нудиме:

Α. Поправка и одржување во нашата работилница.

  1. Нашата работилница е опремена со специјализирани алатки што се потребни за поправка на вашиот електричен редуктор.
  2. Го чистиме и вршиме увид во редукторот за да провериме дали има некакво оштетување, а потоа ви ја доставуваме фактурата за поправка за одобрување.
  3. Вршиме проверка на сите механички делови (запчаници, лежишта, заптивки итн.) и ги заменуваме дотрошените.
  4. Го заменуваме роторот и статорот на моторот доколку се оштетени или дотрошени. Не ги поправаме намотките на моторот за да се избегне намалување на перформансите.
  5. Ја проверуваме и прилагодуваме сопирачката, и по потреба, ги заменуваме дотрошените делови (клинесто вратило, диск на сопирачка, фрикциона плочка на сопирачка, пружини, исправувач, итн.)
  6. Го проверуваме енкодерот-декодерот и ги заменуваме доколку се оштетени и потоа ги усогласуваме.
  7. Доколку во текот на поправката е пронајдено нешто што би можело да предизвика дефект во погонот (пр. погрешен лубрикант), ќе Ве известиме за да преземете мерки во иднина.
  8. Откако ќе се заврши поправката и одржувањето, се тестира редукторот според стандардите на SEW-EURODRIVE. Конкретно, го проверуваме следното:

Нивото на масло

Протекувања на масло

Коефициент на редукција

Фазен баланс

Сите електрични делови

Соодветно функционирање на сопирачка

  1. На крај, по потреба, го пребојуваме редукторот и ги евидентираме сите промени што сме ги извршиле за да се знае во секое време какви поправки или активности на одржување биле преземени за истиот.

Б. Поправки и одржување на лице место.

  1. Колку што е можно отстрануваме прашина, нечистотии и страни материи од редукторот.
  2. Вршиме визуелна и акустична проверка на сите делови од редукторот, моторот и системот за сопирање.
  3. Ја отвораме и чистиме сопирачката, проверуваме за знаци на потрошеност и ја прилагодуваме сопирачката за непречено функционирање во иднина.
  4. По потреба ги заменуваме потрошените спојници.
  5. Промена на масло на редуктор. Маслото може да биде набавено од Ваша страна или донесено од нашите сервисери.
  6. Доколку забележиме протекување на масло од некој дел од редукторот, веднаш ќе Ве известиме и ќе ја надополниме потребната количина на масло додека не се отстрани редукторот за поправка.
  7. Детално се евидентираат податоците за сите Ваши редуктори и работата што е завршена, за да можат тие податоци да се користат во иднина и од Ваша и од наша страна.

Без изненадувања

Кога ќе се заврши поправката и одржувањето на вашите редуктори, повторно ќе работат како нови, затоа што целиот процес го врши квалификуван персонал со употреба на специјализирани алатки и оригинални резервни делови. Згора на тоа, сите заменети делови подлежат на гаранција од една година.

Контактирајте нè

Ве молиме контактирајте нè

за какви било дополнителни информации што би сакале да ги добиете за нашиот нов оддел за поправки и одржување во врска со погонските редуктори на SEW-EURODRIVE, преку електронска пошта на [email protected] или преку телефон 210 4225134 за Пиреја и 2310 705400 за Солун.

Би сакале и да ве потсетиме дека од 2007 година, во рамки на нашето друштво постои и оддел за поправки и програмирање на електронските делови на SEW-EURODRIVE (инвертори и помошни делови) со соодветни фабрички спецификации.