Преку искуството што го стекнавме низ годините како застапници на SEW-EURODRIVE, сметаме дека превентивното одржување на машините е најбезбедниот и најсигурниот начин да се минимизира ризикот од неочекувано оштетување. Ова оштетување обично се преточува во финансиска загуба.

Од оваа причина, нашата компанија, покрај увидот и поправката на електрониката, нуди и превентивно одржување на редукторите, моторите и сопирачките на производите на SEW-EURODRIVE.

Го вршиме следното:

Визуелна инспекција на системот (редуктор, мотор, сопирачки).

Чистење на редукторот од прашина и нечистотии за да се утврди дали има некаков проблем.

Регистрирање на видот и серискиот број на секој редуктор во евиденцијата на потрошувачот, како и за употреба на тие податоци во иднина за нарачка или замена со резервни делови.

Отворање и чистење на сопирачката, проверка дали има дотрошени места и прилагодување на сопирачката за непречено работење без проблеми.

Опционална замена на дотрошени делови.

Во случај на протекување масло од редукторот, му се посочува истото на потрошувачот и или се заменува маслото од техничарот додека не се отстрани редукторот и не се поправи, или пак доколку потрошувачот има резервен редуктор, се заменува на лице место, а замената се активира и се проверува дали работи исправно.

Замена на масло во редукторите. Маслото може да го купи потрошувачот или да го донесе нашиот техничар.

Закажување термин за одржување на редукторот

Овие работи можат да се вршат на редовни интервали или во вонредни периоди по ваше барање. Работата се врши на лице место.

По секоја посета, добивате извештај за извршените работи на секој мотор-редуктор и по потреба Ви доставуваме фактура за замена на оштетениот мотор-редуктор и резервните делови.

Техничарите можат да вршат посета и за време на викенди.

Не го одложувајте! Вклучете го вашиот редуктор уште денес и продолжете го векот на погонските системи на вашиот бизнис!

Ви стоиме на располагање.