Home > За нас

Компанијата CHR. BOZNOS & SОN S.A. е основана во 1948 година во Пиреја, како самостоен сопственик, Христос Бознос.
Во 1951 година, неговиот син Георгиос Бознос се придружува на компанијата и по негова сопствена иницијатива компанијата започнува со увоз на погонски редуктори како прва Грчка компанија на пазарот.
Во 1953 година, компанијата станува акционерско друштво и поради брзиот развој за краток период, се етаблираше како пионер во погонските редуктори и меѓу првите во машините за подигнување товар, морски мотори и индустриска пластика, стекнувајќи ја во 1964 година својата сегашна правна форма и име CHR. BOZNOS & SОN S.A.
Денес компанијата е управувана од четвртата генерација и својата дејност ја фокусира на погонски редуктори, индустриска автоматизација и опрема за подигнување товар. Ги застапува некои од најголемите производители во светот во овие сектори, како што се SEW – EURODRIVE, HBC RADIOMATIC, TELE RADIO, UNIMEC, VOITH TURBO, WARNER, KTR, CMCO (YALE) итн.
CHR. BOZNOS & SON S.A. е со седиште во Пиреја и има филијала во Солун и подружница во Скопје. Од 2000 година, компанијата има добиено сертификат за квалитет ISO 9001.
Компанијата БОЗНОС ДООЕЛ во Скопје ги започнува своите активности во почетокот на 2012 година и е специјализирана во полето на трансмисија на енергија, авгоматика и подигнувачка опрема, застапувајќи ги најголемите производители во своето поле како SEW-EURODRIVE, KTR SYSTEMS, CMCO (YALE), WARNER ELECTRIC, GALVI, DESCH, PROXITRON, LIFTKET, OMB, UNIMEC и т.н.
Компанијата е во постојан раст и развој, со визија да се промовираат производи со висок квалитет кон своите клиенти.
Стабилната соработка со нашите клиенти и добавувачи е доказ за сигурноста и довербата што ја изградивме заедно во текот на годините.

Δεσμευόμαστε να παρέχουμε προϊόντα και υπηρεσίες κορυφαίας ποιότητας.

Πάντα δίπλα σας με λύσεις που ξεπερνούν όλες τις προσδοκίες.

Συνέπεια και αξιοπιστία σε κάθε συνεργασία, από την αρχή μέχρι το τέλος.

Χτίζουμε σταθερές σχέσεις εμπιστοσύνης με ειλικρίνεια και σεβασμό .

Посветеност на обезбедување производи и услуги со врвен квалитет.

Секогаш покрај вас со решенија кои ги надминуваат сите Ваши очекувања.

Доследност и сигурност во секоја соработка, од почеток до крај.

Градиме стабилни доверливи односи со помош на искреност и почит.
Во својот напор континуирано да ги подобрува услугите кон своите клиенти, компанијата CHR. BOZNOS & SON S.A. има сеопфатен оддел за поправка на мотор-редуктори, витла и инверторите што ги увезува.
Во своите 75 години работење, компанијата инвестирала и продолжува да инвестира во обука на својот персонал, кој постојано се информира и обучува за да им обезбеди на своите клиенти непосредна и ефикасна услуга.
Целта на компанијата е во иднина да продолжи со искрената и ефикасна соработка со своите клиенти и континуираниот напор за подобрување, развој и проширување на своите активности.
Компанијата денес ги покрива Кипар, Грција, Македонија и Албанија, обезбедувајќи услуги на високо ниво со производи што ги покриваат сите барања на пазарот, од едноставни до технички сложени.
